Тековна табела
| # | Тим | Натп | П | Н | И | ГР | Бод | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Бразил |
2 | 1 | 1 | 0 | +3 | 4 | Практично квалификуван |
| 2 | Мароко |
2 | 1 | 1 | 0 | +1 | 4 | Практично квалификуван |
| 3 | Шкотска |
2 | 1 | 0 | 1 | 0 | 3 | Во игра |
| 4 | Хаити |
2 | 0 | 0 | 2 | -4 | 0 | Елиминиран |
Последно коло — 24 јуни
Меч 1 · Мајами
vs
Шкотска – Бразил
Меч 2 · Атланта
vs
Мароко – Хаити
Сценарија по тим
Бразил
- Победа против Шкотска → сигурно прво место во групата.
-
Нерешено со Шкотска:
- Ако Мароко го победи Хаити → второ место.
- Ако Мароко не го победи Хаити → прво место.
-
Пораз од Шкотска:
- Ако Мароко го победи Хаити → трето место со 4 поени. Скоро сигурен пласман, но сепак — трето за Бразил.
- Ако Мароко не го победи Хаити → второ место, позади Шкотска, во зависност од гол-разликата
Заклучок:
Практично сигурен пласман. Но пораз од Шкотска веројатно би значело трето место во групата со 4 поени, што не е лошо, ама не е Бразил.
Мароко
-
Победа против Хаити:
- Ако Бразил не ја победи Шкотска → прво место во групата.
- Ако Бразил ја победи Шкотска → одлучува гол-разлика (моментално +2 за Бразил).
-
Нерешено со Хаити (ова би било изненадување):
- Ако Шкотска не победи → втори во групата, позади Бразил.
- Ако Шкотска победи → повторно втори, но позади Шкотска.
-
Пораз од Хаити (ова би бил шок):
- Ако Бразил не изгуби → сигурно втори во групата.
- Ако Бразил изгуби → одлучува гол-разлика, ама поголема вест ќе биде тоа што замрзнал пеколот.
Заклучок:
Иако Мароко е поквалитетна и помотивирана репрезентација од Хаити, сепак треба да си ја завршат работата. И во најлошиот можен случај, ќе се трети со 4 бода.
Шкотска
-
Победа против Бразил:
- Ако Мароко победи против Хаити → второ место.
- Ако Мароко не победи против Хаити → прво место во групата.
- Нерешено со Бразил → гарантирано трето место со 4 поени, што скоро сигурно е доволно за понатамошен пласман.
- Пораз од Бразил → исто трето место, но со 3 поени, што можеби ќе е доволно, а можеби и не.
Заклучок:
Шкотска има силна мотивација да не изгуби, а не толку силна за да победи. Очекувам цврст и дефанзивен натпревар.
Хаити
- Максимум 3 бода — не може да ја претекне Шкотска. Елиминирани без разлика на исходот.
Играат за чест и историјата на хаитскиот фудбал.
Сите 9 можни исходи
Легенда:
1ви/2ри
3ти со 4 бода
3ти со 3 бода
3ти со 2 бода
4ти — елиминиран
Забелешка:
Хаити е математички елиминиран — единствениот тим со кој можат да се изедначат по поени е Шкотска, но Шкотска веќе ги победи во групната фаза, така да ги победуваат и по меѓусебна гол-разлика. Доколку и Бразил и Мароко изгубат, репрезентацијата чиј резил е помал ќе е втора