⚽ СП 2026
← Група Д Група Е — по второто коло Група Ф →
← swekster.com
FIFA World Cup 2026

Група Е — по второто коло

Анализа на сценаријата за последното коло  ·  25 јуни 2026

Тековна табела

# Тим Натп П Н И ГР Бод
1
Germany Германија
2200 +76 Квалификуван
2
Ivory Coast Слонова Коска
2101 03 Во игра
3
Ecuador Еквадор
2011 -11 Во игра
4
Curaçao Курасао
2011 -61 Во игра

Последно коло — 25 јуни

Меч 1 · Филаделфија
Curaçao vs Ivory Coast
Курасао – Слонова Коска
Меч 2 · Њу Џерси
Ecuador vs Germany
Еквадор – Германија

Сценарија по тим

Germany

Германија

  • Веќе квалификувани и осигурано прво место. Без разлика на исходот — одат понатаму.
Заклучок: Седум гола против Курасао (Еквадор покажаа дека не било толку лесно), малку потешка победа против Брегот, но Германија си ја оправда улогата на фаворити, и против Еквадор, можат да имаат малку заслужен одмор.

Ivory Coast

Слонова Коска

  • Доколку не загубат против Курасао → сигурно второ место во групата, директно понатаму.
  • Пораз од Курасао:
    • Ако Еквадор ja победи Германија → 4то место, елиминирани. Најверојатно најневеројатното сценарио на првенствово.
    • Ако Еквадор не победи → 3то место со 3 поени. Можеби доволно, можеби не.
Заклучок: Победата или нерешено им гарантира второ место и нокаут фаза. Само пораз од Курасао ги доведува во проблем — а тоа е сценарио кое речиси никој не го очекува.

Ecuador

Еквадор

  • Победа против Германија:
    • Ако Курасао ја победи Слонова Коска → второ место, директно понатаму.
    • Ако Слонова Коска не изгуби → трето место со 4 поени (веројатно).
  • Нерешено против Германија:
    • Ако Слонова Коска изгуби → трето место со 2 поени. Тешко, но теоретски можно.
    • Ако Слонова Коска не изгуби → 4то место, надвор.
  • Пораз → надвор, без разлика на другиот резултат.
Заклучок: Единствена опција која би го одржала Еквадор во игра е победа против Германија. Германија најверојатно нема да игра со најсилната и најмотивирана постава, така да товарот е врз репрезентацијата на Еквадор. Не сум оптимист.

Curaçao

Курасао

  • Победа против Слонова Коска:
    • Ако Еквадор не ja победи Германија → второ место, директно понатаму.
    • Ако Еквадор ja победи Германија → трето место со 4 поени (веројатно).
  • Нерешено против Слонова Коска:
    • Ако Германија го победи Еквадор → трето место со 2 поени. Тешко.
    • Инаку → се враќаат славенички дома.
  • Пораз → надвор, без разлика на другиот резултат.
Заклучок: Приказната за тоа како воопшто се квалификуваа е импресивна. Тоа што после две кола сеуште се (теоретски) во игра е дефинитивно е бонус. Се што треба да направат е да победат против Брегот на Слоновата Коска.

Сите 9 можни исходи

Легенда: 1ви/2ри 3ти со 4 бода 3ти со 3 бода 3ти со 2 бода 4ти — елиминиран
Забелешка: Слонова Коска го победи Еквадор во групната фаза (1-0), така да кога ќе се изедначат по поени, Слонова Коска е пред Еквадор по меѓусебен резултат. Исто така, Еквадор има значително подобра гол-разлика од Курасао, така да кога и двата завршуваат со исти поени, Еквадор е пред Курасао.