Тековна табела
| # | Тим | Натп | П | Н | И | ГР | Бод | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Холандија |
2 | 1 | 1 | 0 | +4 | 4 | Квалификувана |
| 2 | Јапонија |
2 | 1 | 1 | 0 | +4 | 4 | Во игра |
| 3 | Шведска |
2 | 1 | 0 | 1 | 0 | 3 | Во игра |
| 4 | Тунис |
2 | 0 | 0 | 2 | -8 | 0 | Елиминиран |
Последно коло — 25 јуни
Меч 1 · Далас
vs
Шведска – Јапонија
Меч 2 · Канзас Сити
vs
Холандија – Тунис
Сценарија по тим
Холандија
-
Победа против Тунис:
- Ако Јапонија победи со подобра гол-разлика, второ место.
- Ако Јапонија не победи или победи со полоша гол-разлика, прво место во групата.
-
Нерешено против Тунис:
- Ако има победник на натпреварот Шведска-Јапонија, второ место во групата, позади победникот од тој натпревар
- Ако натпреварот Шведска-Јапонија е нерешен, прво место во групата
- Пораз → гарантирано второ место.
Заклучок:
Нерешено со Јапонија, потоа 5-1 против Шведска — Холандија ги исполни очекувањата. Одат понатаму без разлика на резултатот. Но, оваа група вкрстува со групата на Бразил и Мароко, така да можна е резултатска математика.
Шведска
-
Победа против Јапонија:
- Ако Холандија го победи Тунис → второ место.
- Ако Холандија не победи → прво место.
- Нерешено → трето место со 4 поени. Статисички веројатно продолжува понатаму, но не загарантирано.
- Пораз → трето место со 3 поени. Многу тешко понатаму.
Заклучок:
По 5-1 против Тунис и 1-5 против Холандија, Шведска е во малку чудна позиција - треба да играат со високо мотивираните Јапонија. Доколку успеат да играат нерешено, скоро сигурно се пласираат и ги избегнуваат Бразил и Мароко ко противници
Јапонија
-
Победа против Шведска:
- Ако Холандија го победи Тунис со подобра гол разлика → второ место.
- Ако Холандија не го победи Тунис, или победи со помала гол разлика → прво место.
-
Нерешено против Шведска:
- Ако Холандија го победи Тунис → второ место во групата
- Ако Холандија игра нерешено, прво или второ место, во зависност од правилата за рангирање (би имале нерешен меѓусебен дуел, и идентична гол разлика)
- Ако Холандија загуби → прво место во групата
- Пораз → трето место со 4 поени. Со оваа гол-разлика, многу веројатно продолжуваат.
Заклучок:
По нерешено со Холандија и убедлива победа над Тунис, Јапонија е во одлична позиција — победа или нерешено ги квалификува директно. Дури и пораз им дава 4 поени. Нема причина да го менуваат стилот — дефанзивна организација, брзи контранапади. Интересно е дека пораз им гарантира дека би ги избегнале Бразил и Мароко.
Тунис
- Математички елиминирани после два кола. Натпреварот против Холандија е за достоинство.
Заклучок:
Еден постигнат гол и девет примени. 1-5 против Шведска, 0-4 против Јапонија — Тунис не успеа да се покаже на овој мундијал. Натпреварот против Холандија е последна прилика да постигнат нешто и да не завршат без победа, но Холандија нема да им го олесни.
Сите 9 можни исходи
Легенда:
1ви/2ри
3ти со 4 бода
3ти со 3 бода
3ти со 2 бода
4ти — елиминиран
Забелешка:
Холандија и Јапонија одиграа 2:2, така да ако повторно завршат со ист број на поени, прво се гледа гол-разлика (кај двата тима +4 после две кола). Ако и гол-разликата е иста, следуваат фер-плеј поени — практично непредвидлива ситуација. Холандија ја победи Шведска со 5:1, па ако тие два тима завршат со исти поени, Холандија е понапред по меѓусебен резултат.