⚽ СП 2026
← Група Ф Група Г — по второто коло Група Х →
← swekster.com
FIFA World Cup 2026

Група Г — по второто коло

Анализа на сценаријата за последното коло  ·  27 јуни 2026

Тековна табела

# Тим Натп П Н И ГР Бод
1
Egypt Египет
2110 +24 Во игра
2
Iran Иран
2020 02 Во игра
3
Belgium Белгија
2020 02 Во игра
4
New Zealand Нов Зеланд
2011 -21 Во опасност

Последно коло — 27 јуни

Меч 63 · Бостон
Egypt vs Iran
Египет – Иран
Меч 64 · Сиетл
New Zealand vs Belgium
Нов Зеланд – Белгија

Сценарија по тим

Egypt

Египет

  • Победа против Иран → прво место, директно понатаму.
  • Нерешено → 5 бода, сигурен пласман, но....
    • Ако Белгија го победи Нов Зеланд со подобра гол разлика, Белгија е прва, Египет е втор
    • Ако Белгија го победи Нов Зеланд со полоша гол разлика, или не победи, Египет е прв
  • Пораз од Иран:
    • Ако Белгија победи → Египет е трето место со 4 бода (веројатно доволно).
    • Ако Нов Зеланд победи, Египет е втор, заради подобар меѓусебен дуел.
    • Ако е нерешено → Египет е втор со 4 бода, и директно оди понатаму.
Заклучок: Египет е речиси сигурен. Само пораз комбиниран со победа на Нов Зеланд носи вистински компликации. Но, првиот во оваа група добива третопласиран, а вториот добива еден од Австралија и Парагвај.

Iran

Иран

  • Победа против Египет → 5 бода, прво место, сигурно понатаму.
    • Ако Белгија победи со подобра гол-разлика → Белгија е прва, Иран е втор.
    • Ако Белгија не победи, или има полоша гол-разлика → Иран е прв.
  • Нерешено → 3 бода, најчесто трето место.
    • Ако има победник во Белгија – Нов Зеланд → победникот е втор, Иран е трет со 3 поени.
    • Ако е нерешено → второто место е помеѓу Иран и Белгија, кои би имале три нерешени, три поени, и нула гол-разлика.
  • Пораз → 2 бода. Во зависност од другиот натпревар може да се трети или четврти, но со два бода е практично невозможен понатамошен пласман.
Заклучок: Досега покажаа прилично дефанзивен фудбал, а ќе мора да го нападнат разиграниот, но не баш стабилен Египет

Belgium

Белгија

  • Победа против Нов Зеланд → 5 бода, Белгија останува останува на едно од првите две места.
    • Ако Иран го победи Египет → Белгија и Иран се на 5 бода, распоредот зависи од гол-разликите од двата натпревара.
    • Ако Египет – Иран е нерешено → Белгија и Египет се на 5 бода, тајбрејкер за првото место.
    • Ако Египет победи → Белгија е втора со 5 бода, директно понатаму.
  • Нерешено против Нов Зеланд → 3 бода, тешко место за пласман.
    • Ако Иран го победи Египет → Белгија е трета со 3 бода, веројатно елиминирана.
    • Ако Египет – Иран е нерешено → Белгија и Иран се на 3 бода, со точно 0 гол-разлика - тајбрејкер за второто место.
    • Ако Египет победи → Белгија е втора со 3 бода.
  • Пораз од Нов Зеланд → 2 бода, негативна гол-разлика, четврто или можеби и трето место, сигурна елиминација.
Заклучок: Иако постојат сценарија за пласман со нерешено, би рекол дека победата против најлошо котираната репрезентација на Мундијалот е задолжителна.

New Zealand

Нов Зеланд

  • Победа против Белгија → 4 бода, но пласманот зависи од другиот натпревар.
    • Ако Иран го победи Египет → Нов Зеланд и Египет се на 4 бода, но Египет е напред на меѓусебен дуел. Египет е втор, Нов Зеланд е елиминиран.
    • Ако Египет – Иран е нерешено → Египет е прв со 5 бода, Нов Зеланд е втор со 4 бода, директно понатаму.
    • Ако Египет победи → Египет е прв со 7 бода, Нов Зеланд е втор со 4 бода, директно понатаму.
  • Без победа → елиминирани.
    • Нерешено → 2 бода, четврто место, сигурна елиминација.
    • Пораз → 1 поен, четврто место, сигурна елиминација.
Заклучок: Математички и теоретски е можно, но практично многу малку веројатно. Белгија е фаворит, и покрај лошата игра досега и шансите на Нов Зеланд се мали.

Сите 9 можни исходи

Легенда: 1ви/2ри 3ти со 4 бода 3ти со 3 бода 3ти со 2 бода 4ти — елиминиран
Забелешка: Иран и Белгија веќе одиграа нерешено во првите две кола, па ако завршат со исти поени, тајбрејкерите продолжуваат на вкупна гол-разлика и следните критериуми. Во сценаријата со изедначени 4 бода (Египет/Нов Зеланд) клучна ќе биде гол-разликата.