Тековна табела
| # | Тим | Натп | П | Н | И | ГР | Бод | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Шпанија |
2 | 1 | 1 | 0 | +4 | 4 | Во игра |
| 2 | Уругвај |
2 | 0 | 2 | 0 | 0 | 2 | Во игра |
| 3 | Зеленортски Острови |
2 | 0 | 2 | 0 | 0 | 2 | Во игра |
| 4 | Саудиска Арабија |
2 | 0 | 1 | 1 | -4 | 1 | Во опасност |
Последно коло — 27 јуни
Меч 65 · Хјустон
vs
Зеленортски Острови – Саудиска Арабија
Меч 66 · Гвадалахара
vs
Уругвај – Шпанија
Сценарија по тим
Шпанија
- Победа против Уругвај → прво место, директно понатаму.
- Нерешено → прво место. Предноста во гол-разлика (+4 наспроти 0) ги осигурува пред Зеленортски дури и ако двете репрезентации имаат 5 поени.
-
Пораз против Уругвај:
- Ако Зеленортски не победи → второ место, директно понатаму.
- Ако Зеленортски победи → трето место со 4 поени. Веројатно понатаму, но не загарантирано.
Заклучок:
По убедлива победа со 4:0 против Арабија и нерешено 0:0 против Зеленортски, Шпанија го контролира сопствениот пласман. Победа или нерешено против Уругвај гарантира прво место. Пораз ги прави зависни од натпреварот во Хјустон и од можна пресметка со Аргентина
Уругвај
-
Победа против Шпанија:
- Ако Зеленортски не победи → прво место, директно понатаму.
- Ако Зеленортски победи → обајцата на 5 поени. Редоследот зависи од конечната гол-разлика.
-
Нерешено против Шпанија:
- Ако има победник на мечот Зеленортски Острови - Саудиска Арабија → трето место со 3 поени и 0 гол разлика, што може да не е доволно за понатамошен пласман.
- Ако нема победник, тајбрејк сценарио за второ и трето место, бидејќи и Уругвај и Зеленортски ќе имаат по три нерешени натпревари.
- Пораз → трето место со 2 поени. Многу тешко понатаму.
Заклучок:
По два нерешени резултати — 2:2 против Зеленортски и 1:1 против Арабија — Уругвај мора да победи. Шпанија е тежок противник за последното коло, но алтернативата е трето место и неизвесноста на табелата на третопласираните. Победата во Гвадалахара ги квалификува директно, без оглед на другиот натпревар.
Зеленортски
- Победа против Арабија → директно понатаму, прво или второ место во сите сценарија. Мислам дека нема да им е битно со кого би играле во наредните кола.
-
Нерешено против Арабија:
- Ако Шпанија победи → второ место, директно понатаму.
- Ако Шпанија не победи → трето место со 3 поени. Многу малку веројатно ги квалификува, освен во редок сценарио со ниски третопласирани резултати во другите групи.
- Пораз → елиминирани во сите сценарија.
Заклучок:
Можеби најпријатното изненадување на Мундијалов, има две нерешени натпревари со поранешни шампиони и сега се на работ на директна квалификација. Победа против Арабија ги квалификува директно во сите сценарија.
Арабија
-
Победа против Зеленортски:
- Ако Уругвај не победи → второ место, директно понатаму.
- Ако Уругвај победи → трето место со 4 поени. Шпанија е понапред по меѓусебен резултат. Веројатно понатаму, но не загарантирано.
- Нерешено или пораз → елиминирани.
Заклучок:
По нерешеното со Уругвај, дојде тешкиот и заслужен пораз 0:4 против Шпанија. Се освен победа против Зеленортски е неуспех.
Сите 9 можни исходи
Легенда:
1ви/2ри
3ти со 4 бода
3ти со 3 бода
3ти со 2 бода
4ти — елиминиран
Забелешка:
Шпанија ја победи Саудиска Арабија со 4:0, па ако тие два тима завршат со исти поени, Шпанија е понапред по меѓусебен резултат. Уругвај и Зеленортски завршија 2:2, па ако тие два тима завршат со исти поени, следуваат гол-разлика и потоа фер-плеј поени.